ОДБРАНА И АРМ ГИ ТРЕСАТ СКАНДАЛИ: Војската пекол за жените кои се соочуваат со сексизам и силување – нарушен и безбедносниот систем!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сексизам во Армијата. Директорот на военото разузнавање Горан Василевски со јавни сексистички навреди кон жените војници. Офицерот Али Хајро кој бил вратен од мисија во Авганистан поради обид за силување – поставен за полковник. Ова се двата сексистички скандали кои беа откриени во синоќешното издание на емисијата “БЛИЦ” на новинарот Љупчо Златев, на телевизија Алфа.

Видео од целата емисија:

Василевски не бира што пишува за жените
Горан Василевски е новиот директор на военото разузнавање поставен од владата лани во август. Барем според она што веќе неколку години тој самиот го пишува на социјалните мрежи, Василевски не крие дека е близок со актуелната владејачка структура, за него е проблематично кога човек кој не заземал страна и е неутрален и професионален – сака да добие државна функција. Во исто време, тој беше дел и од кампот на шарената револуција кој беше поставен пред владата.

Доколку го разгледате неговиот фејсбук профил, повеќе ќе добиете впечаток дека се работи за политички аналитичар, отколку за разузнавач.

Во 2015, коментирајќи ги тогашните политички случувања тој пишува дека сегашниот претседател на собранието Талат Џафери го менува своето партизанско име од командант Форина, во генерал Архимеди.

Василевски знаел да даде критика и за архитектонските решенија во проектот Скопје 2014, за кој тврди дека единствен спас од него е 1963та, односно земјотрес.

Според Емилија Александрова која е член на собраниската комисија за одбрана и безбедност. Низ нејзината работа таа секојдневно ја следи работата на безбедносните служби. За неа е скандалозно и недозволиво тоа што сегашниот директор на военото разузнавање Горан Василевски на социјалната мрежа фејсбук, пишува со омаловажување за жените војници.

-Откако се укина регуларната обврска се повеќе жени се во војската, а се повеќе мажи во салоните за убавина. Е после не ја бивало. Е не ја бива де. – пишува сегашниот директор Василевски на неговиот фејсбук профил а во коментарите саркастично додава дека мажите војници не се жалат на се поголемиот број на жени во армијата.

– Ваквите изјави само ја покажуваат величината на тој човек, дека тој едноставно не е спремен за промени во општеството и ваквите нивни изјави не кореспондираат со нивните заложби за транспарентност и родова сензибилизација, па оттука ја повикувам и министерката Радмила Шекеринска да преземе активности и таквите луѓе на тие позиции да не ги охрабрува и да преземе мерки да не ја напаѓаат жената. Се надевам дека таа како жена ќе ги санкционира ваквите изјави – вели Александрова во интервјуто за Блиц.

Скандалите за сексизам во армијата не застануваат овде. Офицерот Али Хајро кој беше вратен од мисија во Авганистан поради обид за силување на војничка, сега е унапреден во полковник од страна на министерката Шекеринска и е стопирана истрагата за случајот.

Заедно со него, поради инцидентот тогаш бил вратен и Трајче Касапинов, човек за кого во кулуарите на армијата се говори дека од исклучителна доверба на директорот Василевски.

Касапинов во исто време е дел од комисијата за реформи во безбедносните служби, иако претходно во неколку наврати е фотографиран како обезбедува митинзи на владејачката СДСМ.

-Тоа е само една од контроверзните политики во министерството за одбрана за кои министерката не презема ништо. Самиот тој човек кој изршил ваков сексуален престап во Авганистан и за истото е вратен од мисијата, сега како да добива некаква награда за тоа што го направил и унапреден е во полковник. – вели Александрова.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This