Одбpaната на Камчев ја пpeгaзи Стефанова: Kopистејќи пpиватен маил незakoнски прибавувала дokaзи за ,,Плацевите на Водно’’

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одбраната на Орце Камчев во соопштението до медиумите достави информации за незаконско работење на обвинителката Лиле Стефанова.

Соопштението го пренесува во целост:

Нарачаното постапување на Јавниот Обвинител, застапник во случајот ,,Плацевите на Водно’’ продолжува во уште поголеми размери. Одбраната на г-динот Камчев на денешното рочиште пред Судот, изнесе детали и докази за незаконитото постапување на Обвинителката во процесот на прибавување докази и побара соодветниот доказ да не се изведува додека не се отстранат сите правни пречки за истото, во спротивно ќе треба да се работи со доказ кој е нелигитимен и нелегален.

Имено, Лиле Стефанова, преку својата приватна е – маил адреса остварила кореспонденција со Министерството за правда на Република Кипар, во случајов замолениот орган, со цел добивање на Меѓународна правна помош, притоа целосно нарушувајќи ја процедурата за прибавување на докази од замолени држави, во конкретниот случај Кипар согласно член 5 и член 6 од Законот за меѓународна соработка во кривична материја. Како основна незаконитост на ова постапување е што Лиле Стефанова за истото воопшто не го известува Министерството за правда на Република С.Македонија како надлежен орган туку истото го прескокнува и надвор од сите процедури и спротивно на законот, од приватна маил адреса, се обраќа до Министерството за правда на Република Кипар.
Користењето на приватен маил за службени цели, кога се работи за носители на јавни функции е целосно незаконско и секоја сериозна држава има санкции кои ги спроведува за ваков тип на постапување на лице на функција. На овој начин, Обвинителката Стефанова, покрај незаконското постапување директно го става во највисок степен на ризик и работењето на државните институции, тајноста и професионалноста на нивното работење на ниво на загрозување на националната безбедност.

Покрај тоа, нарушувајќи ја процедурата за комуникација, спротивно на законот, Лиле Стефанова побарала докази БЕЗ ЗАМОЛНИЦА која е основен акт врз основ на кој може да се прибават докази од замолени земји, а во спротивност, прибавените докази се сметаат за нелигитимни бидејќи нема законски основ на кој истите се прибавени.

Во доказите доставени до одбраната, замолницата како основен документ воопшто не е приложена. Доказ дека кореспонденцијата е извршена со нарушување на сите процедури и на целосно нелегален начин е и тоа што не е направен ПИСМЕН ЗАПИС кој по однос на замолница или друга документација која е примена по електронски пат или друг начин на комуникација согласно Законот за меѓународна соработка во кривична материја, член 6, став 6 се составува и се презентира. Таков писмен запис, спротивно на законот, ниту е составен, ниту е презентиран, ниту во оригинална форма е доставен и по редовна пошта.

Оригинална форма не недостига само од овој документ. Сите докази кои се доставени во Судот од страна на обвинителството и се разгледуваат се во форма на фотокопија што е недозволиво и несвојствено особено бидејќи нема прифатливо објаснување за непостоење на оригиналот. Во овој случај се поставуваат и прашања кои директно задираат во автентичноста на оригиналот на документите, доколку тие воопшто постојат, а со тоа се става под знак прашалник и веродостојноста и легитимноста на фотокопиите од документите кои се користат како докази во постапката.

Како дополнителен доказ за обидите на Лиле Стефанова да подметне и приложи незаконски докази е и тоа што барањето за меѓународна правна помош се однесува на друго лице.

Ваквото постапување на Обвинителката Стефанова во овој случај не е ниту прва ниту нејзина единствена грешка која таа ја сведува единствено на ,,техничка’’.

Овие неслучајни, континуирани и нетехнички грешки само го докажуваат насилието кое продолжува од страна на Обвинителството и нарачаното постапување на Стефанова, кое покрај незаконско, нелигитимно и целосно тенденциозно, преминува и во размери на ризично по однос на работењето на државните институции и безбедноста на државата во целост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This