March 29, 2024, 11:33 am

Одвојте само три минути за витост и здравје: Целиот свет полудел по овие вежби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку редовно ја практикувате оваа вежба, никогаш нема да ве боли ‘рбетниот столб

Петте пози или Петте Тибетанци се вежби кои би требало да ги воведете во вашиот животен стил.

Тие ќе ви ги истегнат мускулите, ќе ви ја подигнат енергијата, ги стимулираат жлездите и сите седум чакри, го зајакнуваат имунитетот а не се воопшто напорни. За почеток, ќе ви требаат само три минути за целата серија, а подоцна најмногу 16.

1. Застанете исправено со рацете испружени на страна. Држете ги прстите заедно, дланките се отворени и свртени надолу, стапалата се во ширина на рамена. Свртете се во полн круг во насока на движењето на стрелките на часовникот. Додека се вртите, длабоко вдишете и издишете. Едно вртење е едно повторување. Доколку почувствувате мачнина, а на почеток можно е да се случи тоа, откако ќе завршите со сите повторувања, застанете со испружени раце и фокусирајте се на споените палци додека не ви помине непријатното чувство.

2. Легнете на грб на рамна тврда подлога. Испружете ги нозете, рацете се покрај телото со дланките свртени кон подот. Вдишете низ нос, кренете ги нозете (малку повеќе од 90 степени) и подигнете ја главата така што ќе се доближите до градите што е можно повеќе. Внимателно издишувајте и спуштајте ги главата и нозете.

3. Клекнете со исправени стапала потпрени на прсти. Колената треба да ви бидат малку оддалечени, а грбот исправен. Ставете ги рацете на задникот, а брадата спуштете ја кон градите. Вдишувајте и виткајте ја главата наназад колку што можете повеќе. Задржете го здивот на кратко и потоа со издишување вратете се во почетна положба.

4. Седнете со испружени нозе. Ставете ги дланките на подлога во ширина на колковите, грбот е исправен, а главата е спуштена до градите. Вдишете, подигнете ги колковите и свиткајте ги колената, спуштете ја главата кон подот така што ќе направите мост. Задржете се во таа положба кратко и потоа издишувајте и вратете се во почетната седечка положба.

5. Почнете ја оваа вежба така што ќе го придржувате телото на испружени раце, со дланките и стапалата потпрени на под. Главата ви е зафрлена наназад. Со испружени раце и нозе, вдишувајте и подигнувајте ги колковите, а главата ставете ја на градите за да заземете положба на триаголник. Со издишување вратете се во почетната положба. Освен дланките и стапалата, не смеете да го спуштате телото на земја за време на оваа вежба.

Правило што треба да го следите:
Најдобро е да ги правите вежбите наутро, околу половина час по будењето и пред да појадувате. Првите седум дена правете по три повторувања на секоја поза. Потоа, втората недела правете четири повторувања, третата пет и така додека не дојдете до бројот 21. Тоа е бројот на повторувања што треба да го почитувате додека ги правите Тибетанците.

Погледнете го видеото за да видите како правилно да ги изведувате вежбите…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This