Одговорноста за бeзбедноста на системот не треба да се фрла врз народот кај првиот човек на институцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Миле Левков, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат оценува дека пописот кој вчера започна за иселениците е компромитиран уште пред да почне активно да се спроведува. Во врска со ставовите на првиот човек на Заводот за статистика дека секоја злоупотреба на интернет платформата за попишување ќе се казнува согласно законските прописи, Левков вели дека одговорноста за безбедноста на системот не треба да се фрла врз народот туку за веродостојноста на системот одговорност треба да се бара кај првиот човек на институцијата.

„Заменик директорот рече: ‘Попишани се 11.049’. Се наметнува прашањето – колку од тие направиле кривично дело за кое најавивте дека ќе поднесете кривична пријава. Дали ДЗС ќе собира податоци за домовите и за населението или ќе поднесува кривични пријави. Со ова темпо, со коешто сте почнале, ако имаме вакви 200 објави целата ваша служба треба да биде насочена кон пишување на кривични пријави“, рече Левков.

Инаку, во текот на денешниот ден група информатичари објави дека на интернет платформата за попишување на иселениците, за која се тврдеше дека е достапна само за интернет адреси надвор од земјава, може да ѝ се пристапи и од Македонија, со користење на алатката Ви-Пи-Ен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This