ОДГОВОРОТ ЌЕ БИДЕ ГРОМОГЛАСЕН И ИСТОРИСКИ: Силната е во народот, тој е непобедлив браник, народот секогаш кога бил потценет го давал најгласниот одговор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кампањата на СДСМ не е обична кампања, туку вонредно идеја за иднината на државата. Многу луѓе помислуваат дека ние водиме негативна кампања против СДСМ, но не е тага, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и носител на листа во ИЕ 4.

nikola5-2

Добро ќе беше да е така, продолжи, за жал, Заев во предизборниот период ги откри сите карти.

-Тој тоа го започна кога рече дека треба да свитка кичмата, продолжи со идеи за двојазичност, но конечно сега во Швајцарија работите станаа појасни. Затоа решивме убаво да се објасни што значи кантонизација. Тоа значи дека државата ќе има неколку региони, секоја ќе има свија Влада и институции и една сојузна која ќе се занимава само со надворешна политика, војска и валута, се друго ќе биде одука на владата на кантоните, парламенти на кантоните. Нивните влади ќе имаат право да донесат одлука за распишување на референдум за осамостојување на тие кантони. За среќа сега немаат поддршка од граѓаните, но замислите што ќе се случи ако се кандида некој радикал кој ќе сака отцепување? Еден кантон да се отцепи тоа веќе не е Македонија…Затоа го дигнавме гласот да објасниме и да покажеме што е тоа. Заев во пораки до Тачи пишуваше дека некој од горе го спрема, еве што спремаат. Затоа ни кичма да виткаме, ни кантони, да си ја задржиме сувереноста и независната, порача Груевски.

Суверена и независна Македонија е добро и за Македонците и за Албанците кои сакаат да,живеат во овие граници на Македонија, додаде Груевски и продолжи: Тоа е добро за сите и за Босанците, Турците, Ромите, Власите.

-Секој кој ја сака Македонија го има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за сојузник без разлика дали е Албанец, Ром, Турчин. За среќа она што Заев не го пресметал е дека тука постои народ кој е мудар и знае да препознае вакво сценарио. Одговорот на народот кој ќе биде историски и громогласен ќе следи на 11 декември. Одговорот ќе биде силен и гласен бидејќи за иднината и за државата се работи. Силната е во народот, тој е непобедлив браник, народот секогаш кога бил потценет го давал најгласниот одговор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This