ОДЕДНАШ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА МАКРОЕКОНОМИЈА: Целиот тираж од книгата на Груевски pacпpoдaдeн, издавачот ќе печати нова количина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трендот на светските државници почнаа да го следат и македонските политичари. Активни и поранешни политичари почнаа да објавуваат книги во кои ја кажуваат својата приказна за теми од политиката, но и да ги објавуваат своите научни трудови.

Па така, на годинешниот саем може да се забележат дела од неколкумина политичари од македонската сцена. Тоа се поранешните премиери Никола Груевски и Љубчо Георгиевски но и првиот претседател на Собранието Стојан Андов.Груевски e aктуелен со книгата „Искуства за иднината“ која е негов докторски труд на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“.

Издавачот „Ѓурга“ вели дека за книгата на Груевски, како и за на Љубчо Георгиевски постои голем интерес кај читателите и добро се продаваат. Посетителите на Саемот на штандот на издавачот ја разгледуваат неговата книга, ја прелистуваат и фотографираат.

Како што дознаваме, целиот тираж од првото издание на книгата со меки корици е веќе распродадена, а наскоро излегува второто издание со тврда корица. Сепак, издавачот ќе мора да печати дополнителен тираж поради големата заинтересираност кај читателите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This