Одзивот на гласачите до 17 часот во Дебар 30 отсто, во Центар Жупа околу 18 отсто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се зголемува излезноста на гласачите во општините Дебар и Центар Жупа, каде до 17 часот своето граѓанско право го оствариле 30 односно 17,65 отсто.

-Од вкупно запишаните 18.764 лица со право на глас, до 17 часот во општина Дебар гласале 5731 лице. Изборниот ден минува без проблеми. Се надеваме дека така ќе биде до крај. Вообичаено излезноста е секогаш поголема во попладневните часови, изјави Елмира Бакали, претседателка на ОИК.

Во општина Центар Жупа изборниот ден минува без проблеми. До 17 часот овде гласале 1246 лица или 17,65 отсто од 7061 колку што се во еднственот избирачки список.

Во општина Дебар се гласа на 27, а во Центар Жупа на 16 гласачки места, кои редовно се посетуваат од челнови на Општинските изборни комисии.

Гласањето го следат претставници на Мост и на Цивил, а дел од гласачките места ги посетиле и надбљубувачи на ОБСЕ/ОДИХР, како и од странските амбасади.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This