ОДИМЕ НА ПОБЕДА: Македонските финалисти на чекор до победа во „Ѕвездите на Гранд!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полека, но сигурно големото регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, доаѓа до највозбудливиот дел – супер финале!

Во оваа сезона гледачите имаа прилика да видат доста македонски кандидати кои успешно стигнаа до последните кругови пред финалето, но само дел од нив, односно најталентираните според жирито, успеаја да се изборат со силната конкуренција и да се пофалат дека успеале да се пласираат меѓу најдобрите.

Имено, деновиве на своите профили на социјалните мрежи, се пофалија Огнен Здравковски од Скопје и Мартинијан Кириловски од Куманово.

Ќе бидам краток и само ќе кажам, драги мои финале! Не можам уште да верувам… Марија Шерифовиќ те caкам! – пишува Огнен на својот Фејсбук.

Со истата убава вест на своите поддржувачи им се пофали и Мартинијан Кириловски кој е под менторство на Јелена Карлеуша.

Одиме го големото супер финале, соопшти Мартинијан, а во прилог објави фотографија на која е меѓу четири ceкси девојки во долна облека и бела кошула кои претпоставуваме ќе го придружуваат на сцената.

Нема сомнеж дека ќе биде возбудливо, а по победната на Ристе Ристески во 2017 година, стискаме палци за уште една победа на некој од нашите Македонци!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This