April 25, 2024, 10:17 am

ОДЛИВОТ НА СТРУЧЕН ДОКТОРСКИ КАДАР ПРОДОЛЖУВА: Докторите ги напуштаат работните места на скопските клиники, најголем е проблемот на Детска клиника

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И се заканува ли колабирање на Клиниката за детски болести поради одлив на кадар? Лекарка од одделот за онкологија веќе поднела оставка а уште 4 според информации на Сител планираат да ја напуштат оваа здравствена установа и да работат во приватни болници или во странство.

-Од менаџментот на клиниката ни потврдија само за дел од лекарите, но не добивме одговор што ќе се случи ако Интензивна остане без двајца специјалисти а помалку лекари ќе има и на одделите за неврологија и кардиологија, објави Сител.

Министерот за здравство по разговорите што ги имал со дел од специјалистите е убеден дека ќе ги разубеди да останат во јавното здравство.

-Нема да напуштат, разговарав со нив до мене не стигнала информација за 5 јас зборев со две и начелно постигнавме договор дека ќе останат а ние ќе направиме се за унапредување на едукацијата, вели Венко Филипче, министер за здравство.

И додека министерот е оптимист, лекари од Детска кои сакаат да заминат, неофицијално за Сител велат дека ништо не е договорено. И не само од Клиниката за детски болести туку намалување на ресурсите ќе има и од други установи доколку надлежните ја реализираат идејата детската кардиохирургија како јавно приватно партнерство да биде префрлена во приватна болница.

-Размислуваме како јавно приватно партнерство да бидфе детсдка кардиохирургија во приватна болница со цел да ги споиме ескпертизата и условите што ги нудат приватните болници, вели Филипче.

Зголемувањето на платите за 5 проценти на здравствените работници очигледно не е доволна за задржување на кадарот. Иако Министерстовото додели над 260 специјализации и субспецијализации, треба да поминат најмалку 5 години додека овие специјалисти ги пополнат испразнетите места во клиниките.

Прилогот на Сител, погледнете го во продолжение:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This