April 25, 2024, 12:46 pm

ОДЛИЧЕН РУЧЕК: Свинско со црвено вино

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премногу вкусно и едноставно за подготовка .

Свинско месо 1кг исецкано на коцки околу 5цм

Суви пиперки 2-3

Кромид 1-2 главици ситно исецкан

Феферони од тегла 2-4

Лук 4-5 чешниња

Црвено вино по потреба дотураш додека се испржи

Вегета по желба

Сол по вкус

Кечап според посакуваната густина се додава околу 15 минути пред крај.

На загреано масло го ставаш месото и кромидот да се пржат. Кога ќе поомекне кромидот ги додаваш сувите пиперки , лукчето и по една минута долеваш една чаша вино. Се динста со повремено мешање да не загори. По потреба додаваш вино да има течност да не загори. Ги додаваш фефероните исецкани. Додаваш сол и вегета и продолжуваш со динстање. Го додаваш кечапот (околу 50-100 мл) и продолжуваш со динстање и постепено нека премине во пржење со мало додавање на вино да не загори. Кога ќе е месото ровко за јадење го вадите од оган и уживајте во вкусот …

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This