April 26, 2024, 10:03 am

ОДЛИЧНА ИДЕЈА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ХАОСОТ СО ПАРКИНГОТ: Автомобили паркирани еден врз друг, сокриени под асфалтот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На социјалните мрежи големо внимание привлече снимка од Чељабинск на која еден сопственик на автомобил на обичен паркинг го спушта своето возило под асфалтот. Корисниците на Интернет се прашуваат како е можно тоа и што да се прави ако некој паркира над вас.

Возачот кој својот автомобил го спушта под земјата, жителите на Чељабинск на социјалните мрежи го нарекоа „човек од 2029 година“. Тие исто така се обратија на основачот на компанијата „Тесла“ Илон Маск со прашање како му се чини овој изум. Освен тоа, многумина се запрашаа колку е овој проект реален, како и дали на снимката е користена монтажа.

Не постои никаква монтажа. Станува збор за пилот-проект на паркинг кој овозможува автомобилите да се сместат двапати покомпактно и да се ослободи простор. Но, оваа интересна идеја која е целосно заснована на современите потреби сепак не доживеа масовна примена.

„Околу две години се обидувавме да го усогласме проектот за паркингот за да ги сместиме и овие подвижни платформи, но не успеавме во тоа. Бирократијата уште еднаш ја однесе победата“, вели Александар Воробјов, директор на компанијата „Мечелстрој“ која е сопственик на патентот. Во план беше 20 вакви модули за 40 автомовили да се постават на „Улица мира“.

И покрај мразот механизмот функционира без грешка, лифтот се спушта и се подига доста брзо. Притоа, истакнува директорот на „Мечелстрој“, не е потребно никакво особено одржување на ваквите платформи. Под земја е темно и е значително потопло одошто на површината.

 

View this post on Instagram

 

Чмз

A post shared by @ uma174 on

„Овој сосема едноставен механизам функционира веќе 10 години без никакво одржување. На луѓето што живеат тука всушност им ја подаривме оваа направа. Ним таа им се допаѓа, а за одржување користат само метла и лопата“, додава Александар Воробјов.

„Тешко е да се зборува за цената, зашто тоа беше првиот модел, експериментален. Во секој случај е значително поевтино од изградба на повеќекатен или на подземен паркинг. Во овие случаи станува збор, според различни процени, за некои 700 илјади до еден милион рубли (9.000-13.000 евра), а кај нашиот проект цената е двојно пониска. Притоа не се уништува изгледот на градот: го затвораме паркингот и ништо не се гледа. Ако не го исчистите снегот, не се ни гледа каде се наоѓа. А, не мора ни да го чистите, зашто масивната платформа минува низ сè“.

Носивоста на овој паркинг на две нивоа е пет тони. Range Rover и KIA Sorento (со вкупна тежина од околу 4.5 тони) со возач и патници се спуштаат и се подигаат лесно и без застој. Механизмот работи на струја, но сите кабли се инсталирани за време на изградбата.

 

Извор
Russia Beyond

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This