ОДЛОЖЕН СОСТАНОКОТ НА СОБРАНИСКОТО КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА ПОМИРУВАЊЕ: Апсот на Мијалков ја расипа „калимерата“ помеѓу Заев и осумтемина пратеници?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Состанокот на собраниското координативно тело за помирување кое треба да го изготви законот за амнестија најавен за денеска не се одржа. Единствено нешто што се измени од моментот кога пратениците од опозицијата гласа за уставните измени до денес се неколкуте притвори за поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова го отвора прашањето дали се топи двотретинското мнозинство на премиерот Зоран Заев за промените на Уставот откако се погласни се одметнатите опозициски пратеници дека последните притвори на ексфункцинерите Мијалков, Јанакиески, Божиновски штетат на процесот? 8-мината одметнати пратеници едногласно коментираат дека последните настани штетат на процесот за наводно помирување.

Патеникот Крсто Мукоски кој е еден од обвинетите за настаните од 27 април и дел од групата која гласаше за промена на Уставот сега вели дека притворањето на Мијалков не оди во прилог на процесот на помирување.

„ За тоа дали нешто ќе менуваме во однос на нашиот став за промени во Уставот засега не сакам ништо да коментирам. Наскоро ќе имаме и состанок на пратеничката група и ќе го соопштиме нашиот став. Ние подготвуваме и наш предлог за наредниот состанок на собраниското Координативно тело за помирување, кое деновиве треба да се состане“, вели Мукоски.

Пратеничката Емилија Александрова, кој е копретседавач на координативното тело, чиј сопруг е братучед со Сашо Мијалков во својата последна изјава за Канал 5 рече дека последните притворања сериозно му наштетуваат и го опструираат процесот на помирување.

По последните настани и фарсата околу наводното помирување јасно е дека 8-мината пратеници од опозицијата гласаа за уставни измени во замена за амнестија и лични интереси на неколкумина, а не по сопствено убедување. Пролонгирањето на одржувањето на Состанокот на собраниското координативно тело за помирување го докажува пазарот на Заев за Северна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This