March 29, 2024, 12:36 pm

Одлуката ДУИ да коалицира со СДСМ најдобар доказ дека платформата од Тирана е реалност, ѝ се заканува губење на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчерашната одлука на ДУИ да коалицира со СДСМ во нова влада е најдобар доказ дека албанската платформа која беше подготвена во Тирана од албанскиот премиер, Еди Рама е реалност. Оваа платформа е најголема закана за губење на Македонија.

Rama-so-albanski-partii-od-Makedonija-1-640x426

Исполнувањето на платформата во која се предвидува двојазичност на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето, државниот грб, употреба на албанскиот јазик на парите, како и воведување казни од 3.000 до 5.000 евра за неупотреба на албанскиот јазик  е само првиот чекор од разнебитувањето на Македонија.

Доколку албанските партии успеат да ја протнат оваа платформа наметната од надвор, тоа би бил првиот чекор пред федерализација и кантонизација на Македонија. Во таков случај, Македонија нема да биде оваа во која живееме и за која гласавме на референдумот во 1991 година.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи синоќа по Централното Претседателство на партијата соопшти дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ во нова влада, но и дека ДУИ уште еднаш ја потврдува својата заложба за целосно исполнување на сите точки од платформата.

Според Османи, одлуката на ДУИ да коалицира со СДСМ е со цел да испочитува волјата на граѓаните Албанци и да се реализира платформата која што беше ветена пред граѓаните.

Иако ДУИ тврди дека платформата е направена во Скопје, и оти не е наметната од надвор, Движењето БЕСА во писмото до албанскиот премиер Еди Рама пишува дека тој договор не е напишан од страна на ДУИ.

Оттаму велат се било почнато од страна на Владата на Албанија, додавајќи дека поради оваа акција нема да прифати веќе да седне и да разговара со ДУИ, но дека може да направи исклучок само во случај ако средбата биде посредувана од Рама.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This