ОДЛУКА НАМЕТНАТА ОД НАДВОР НЕМА ДА ЈА РЕШИ КРИЗАТА: Амбасадорот на Руската Федерација порача дека само граѓаните на Македонија може да донесат одлука!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската Федерација е убедена дека граѓаните во Македонија имаат долга историја и висока култура и може самите да решаваат како сакаат да живеат во својата држава. Само одлуката на граѓаните на Македонија може да придонесе за долгорочно разрешување на кризата и никаква наметната одлука од надвор не може да обезбеди стабилна држава и затоа треба самите да решавате за себе.
kriza

Ова го изјави денеска Олег Шчербак, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија по одбележувањето на Денот на руската дипломатија во Битола на новинарско прашање дали западот се меша во внатрешните работи на Република Македонија.

Тој истакна дека руската дипломатија својата надворешна политика ја гради врз темелите на меѓународното право, а клучен принцип на меѓународното право е, вели, немешањето во внатрешните работи на други држави.

– Без строго почитување на тој принцип, во современиот свет не е можно да се почитуваат другите принципи, а тоа се принципот на сувереноста и независноста на други држави. Русија е една од првите што ја признаа Република Македонија под уставното име, ја смета за суверена и независна држава и е против други држави што го прекршуваат овој темелен принцип на меѓународното право, изјави Шчербак.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This