„Одлучно за промени“: Сите промени започнуваат од Центар, ние сме натпартиско движење со кандидати чувари на општините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Создадовме натпартиско движење, сите кандидирани советници и градоначалници се чувари на општините, приоритет им се граѓаните. Да го заштитиме Центар и да го заштитиме Скопје и сите општини низ цела Македонија, рече лидерот на ЛДП Горан Милевски на завршниот митинг од изборниот караван на граѓанското движење на центарот „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ, вечерва од Капиштец.
– Центар мора да размислува различно, да се стави крај на бетонизирање, да се гради плански, да има хумани услови за живот. Да се води сметка за граѓаните, а не да се гради во интерес на поединци. Центар го заслужува д-р Новотни да биде градоначалник на Центар. Сите да гласаме одлучно и да гласаме за број 2. Еднаш засекогаш да ставиме крај на ова сивило, додаде лидерот на ЛДП, Милевски.

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин рече дека промените започнуваат од Центар.
Ние центарци сме бунтовници, затоа промените започнуваат од Центар. Одлучно ќе гласаат центарци. Тука сме за да направиме промени за подобро, децата да имаат поквалитетен живот да не си заминат туку да останат тука каде ги врзуваат нивните спомени. Драго ми е што зелената агенда станува приоритет на сите политички партии. Но, знаете што е разликата? Тие зборуваат и ветуваат, но, не ја остваруваат. Сите ние заслужуваме чист воздух и уредни паркови, но не само во Скопје туку низ сите градови во Македонија. Сите општини да ги направиме дом на среќни луѓе со здрава и светлина иднина, затоа на 17-ти октомври сите да излезете и да гласате за број 2, посочи Морачанин.
Кандидатот за градоначалик Антони Новотни истакна дека нема повеќе црвено и сино, туку има виолетово движење кое ќе не води кон промени.

– Многу не има незадоволни и апатични, престанавме да веруваме дека нешто може да се промени. Но, затоа сум тука, да промениме Центар да го направиме зелена општина. Ние сме пролетта на Центар, ние сме пролетта на Скопје, ние сме пролетта на политичкиот центар, споени двете партии. За се во Општината и за граѓаните ќе решаваме преку референдум, истакна д-р Новотни.
Носителот на советничката листа на Град Скопје д-р Никола Пановски рече дека земјава навистина има иднина, особено со младите кои успешно ги движат работите.

– Сигурен сум дека движењето расте без разлика на партиите, ние сме трета опција, која ќе направи промени затоа граѓаните да излезат да гласаат во недела за број 2. Запомнете дека промените доаѓаат од Скопје, порача д-р Пановски.
Носителката на советничка листа на Општина Центар Евдокија Тасеска истакна дека секој советник треба да е чувар на својата општина, затоа што, како што рече, во општините се областите кои се важни како образование, економија – буџет, животна средина, урбанистичко планирање, така што неговата работа е да ги штити интересите на граѓаните

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This