ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И РУСИЈА СТАБИЛНИ: Шчербак за билатералните односи помеѓу двете земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва беше отворена изложбата на фотографии „Москва денес“, во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Руската Федерација.

Организатор на изложбата е Амбасадата на Руската Федерација во Македонија. Амбасадорот Олег Шчербак, кој е роден московјанин, изрази задоволство што може на прилепчани низ фотографии да им ја претстави современа Москва.

– Со 12 милиони жители Москва е еден од големите светски градови-престолнини. Во Москва се спојуваат најмодерните технолошко-архитектонски решенија со внимателен однос кон традицијата и наследството од минатото. Годишно Москва ја посетуваат околу 20 милиони туристи. Прилеп е познат по културните, уметничките и обраовните традиции, така и Москва. Ги поканувам жителите на Прилеп да ја посетат Москва во јуни и јули за време на Светското фудбалско првенство, рече амбасадорот Шчербак.

Тој на идната соработка меѓу Македонија и Руската Федерација рече дека гледа со голем оптимизам како на политички, стопански, трговски, така и на културен план.

– По 24-те години дипломатски односи меѓу двете земји, сега нашите односи имаат стабилен карактер. Има потенцијал за развој на односите во сите сфери: на политички, стопански, трговски план, во поглед на инвестициите, во културата и образованието. Многу е битно што нашите односи имаат цврски духовни и историски темели. Токму соработката ја зацврствува взаемната доверба, изјави амбасадорот Шчербак.

На изложбата на фотографии „Москва денес“ присуствуваа и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, како и голем број руски државјани кои живеат во Прилеп и во Македонија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This