Одредeн датумот: Лавров наскоро пристига во Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја посети Србија на 28 и 29 октомври, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„На 28 и 29 октомври ќе се одржи работна посета на рускиот министер за надворешни работи на Србија. Предвидена е средба со претседателот на Србија , како и присуство на церемонијата по повод завршувањето на дизајнот на ентериерот на Храмот Свети Сава и осветлувањето на Вечниот пламен на гpoбиштата на оcлободителите на Белград“, рече Захарова.

Претходно беше најавено дека Лавров треба да се сретне и со патријархот Иринеј.

Рускиот министер, исто така, ќе ја посети Босна и Херцеговина на 28 октомври, каде ќе се состане со претседателството на земјата, министерот за надворешни работи и други претставници на БиХ, а се планира средба со членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, додаде Захарова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This