Од блиндирано возило летале пари и на улицата настанал вистински хаос!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Среќата на пронаѓачите на пари, кои во четвртокот во време кога е најголема сообраќајната гужва почнаа да летаат од блиндирано возило беше краткотрајна. Полицијата побара парите да се вратат, а за возврат вети дека нема да ги гони оние кои ги задржале парите.

Полицијата во Ист Рутерфорд нешто околу 8 часот наутро во четвртокот ги прими првите повици за готовината која летала од блиндирано возило и сударите кои настанаа откако возачите ги напушиле своите возила за да ловат пари.

https://twitter.com/squagliozzi/status/1073209455603564544

На видео снимките објавени на социјалните мрежи се гледа блиндираното возило Бринкс на улицата 15 километри од градот Њујорк и луѓе кои трчаат обидувајќи се да ги фатат парите.

“Тоа е многу опасно, сите таму се обидуваа да ги фатат парите”, рекла една жена на видеото објавено на Твитер.

Полицијата во Ист Рутерфорд објавила дека до вечерните часови сите пари биле вратени, но не објави колку точно како ниту зошто толку пари одлетале од автомобилот.
Извор:tocka.com.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This