ОД #БОЈКОТИРАМ ИСПРАТИЈА ПОЗДРАВ ДО БАЧЕВЦИ, ФИЛИПОВЦИ И ПАЛЧОВЦИ: Јавачи на бранови, толку имаме да ви кажеме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Движењето #Бојкотирам кое автохтоно се појави на социјалната мрежа Твитер им се обрати на оние кои се обидуваат да собираат политички поени на грбот на движењето.

ФОТО Ивица Китановски iNFOMAX.mk

 

Реакцијата на #Бојкотира е по повод потпишувањето на вчерашниот Меморандум за соработка со цел успешен бојкот на референдумот од страна на 30-тина организации меѓу кои и некои политички партии. На официјалниот Твитер на движењето велат дека не можат да спречат никој да се самоидентификува со движењето, се додека целта е иста. Но напоменаа тие кои ќе се приклучат на движењето, а не се придржуваат на етичкиот кодекс ќе бидат виртуелно избришани, како да не постоеле.

-Јавачи на бранови. Толку имаме да ви кажеме. Никому не може да спречиме да се самоидентификува со #Бојкотирам се додека целта е иста. Секој граѓанин има право слободно да води пропаганда и јавно да си го каже ставот. Од крајно лево до крајно десно, креативноста и перформансот е предизвик за секој. Оние кои нема да се придржуваат на етичкиот кодекс ќе бидат виртуелно избришани од мрежата како да не постоеле. Името е идентитетот, се вели во соопштението на #Бојкотирам.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This