Од вечерва врнежи од дожд и снег

Поврзано

- Advertisement -

- Advertisement -

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места претежно во западните делови. Врнежите на места ќе бидат пообилни, а на планините снежната покривка ќе се зголемува, соопшти Хидрометеоролошкиот завод.

Денес во вечерните часови во јужните и источните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на секаде. Утре врнежите ќе бидат пообилни во источните делови (до утре вечер над 35 л/м2), а во југоисточните ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Во западните делови врнежите претпладне повремено ќе преминуваат во снег и во повисоките населени места. До крајот на денот врнежите ќе престануваат и во вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Од среда повторно ќе има врнежи од дожд и снег со променлив интензитет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This