ОД ВЛАДА ГО МОЛАТ ИВАНОВ: Владата очекува да бидат запазени роковите за реформските закони, што не добија потпис од Иванов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата очекува за реформските закони што поминаа во Парламентот, а се важни за евроинтеграцијата на земјата, да бидат постигнати зададените рокови и покрај тоа што претседателот Ѓорге Иванов ги нема потпишано указите за нивно прогласување, изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Очекуваме дека ќе ги постигнеме роковите што се зададени со цел да добиеме датум за преговори, бидејќи станува збор за клучен пакет реформски закони и исто така очекуваме дека претседателот Иванов ќе го почитува Уставот и ќе работи со цел прогрес на нашата држава кон евроатлантските интеграции, рече Бошњаковски.

Бошњаковски додаде дека сите во Република Македонија се должни да го почитуваат Уставот на државата вклучувајќи го и претседателот Иванов.

Нема да дозволиме граѓаните на Република Македонија да бидат заложници на неуставната политика на претседателот Иванов, нагласи Бошњаковски на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Претседателот Иванов не потпишал 11 закони меѓу кои и три реформски донесени со двотретинско мнозинство, шест закони се донесени на 28 февруари и пет на 4 март и на 6 март 2019 година. Според образложението од неговиот кабинет, не ги потпишал указите бидејќи во извршување на функцијата секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и како што вели ќе ги брани интересите на Република Македонија.

Во однос на Предлог законот за јавното обвинителство и до каде е процесот со формирањето на работните групи договорени на средбата Заев-Мицкоски во неделата, владиниот портпарол укажа дека координацијата се води на ниво на партии и упати за повеќе информации кон СДСМ и кон ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This