ОД ГОТВАЧ ДО ДИРЕКТОР НА ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА: Никој не може да ги најде професионалните кадри кои ги ветуваше Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Пробиштип, спротивно на законот за директор на образовна институција поставил готвач без соодветно образование и работно искуство, а пробиштипјани најавија кривична пријава против локалната власт, но и новоназначената директорка

 

Како од готвач се станува директор на градинка, освен ако назначувањето не е по партиска директива и апсолутно спротивно на ветувањата на Заев дека тој, и неговата влада ќе ги професионализираат институциите.

Имено, пробиштипјани се жалат дека градоначалникот поставил готвачка за директор на градинката „Гоце Делчев“, иако на јавниот оглас се пријавила без соодветно работно искуство и образование.

Во Општина Пробиштип е поставен за Директор на Јавната Општинска установа за деца –детска градинка “Гоце Делчев” лице кое не ги исполнува условите утврдени со Јавниот оглас и со Законот за високо образование и е спротивно на Законот за заштита на децата и тоа член 120.

Согласно член 123 став 14 од Законот за заштита на децата е направено прекршок поради следниве причини:

1. Суштествени повреди при водење на постапката
2. Погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба
3. Погрешна примена на материјалното право.

Суштествени повреди напостапката се направени со тоа што кандидатот Љ.Ј. која е избрана на јавниот оглас воопшто не ги исполнува условите кои се законски утврдени како потребни за да биде на место Директор на Јавната Општинска установа за деца –детска градинка “Гоце Делчев” Пробиштип.

Условот за да се биде Директор во Јавната Општинска установа за деца –детска градинка “Гоце Делчев” Пробиштип, па и во било која друга градинка е кандидатите да имаат работно искуство од 5 (пет) години по дипломирањето, но да работат согласно професијата, односно да работат како воспитувачи 5 (пет) години по дипломирањето а потоа може да конкурираат и да бидат избрани за Директор.

Кандидатот Љ. Ј., има 10 (десет) годишно работно искуство со средна стручна подготовка како Готвач во градинката, а во меѓувреме има завршено високо образование, но појаснуваме на Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, дека работно искуство на избраниот кандидат Љ. Ј. како воспитувач е многу кратко и тоа дали е само период од 2 (две) недели, па според тоа јасно е дека таа не ги исполнува законски поставните услови за да биде Директор во Јавната Општинска установа за деца –детска градинка “Гоце Делчев” Пробиштип. – стои во поднесокот на пробиштипјани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This