ОД ДЕНЕСКА ВЛАДАТА И МИНИСТЕРСТВАТА СО ФЛЕКСИБИЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Секој вработен во органи на државната управа има право да пристигне на работното место помеѓу 7:30 и 8:30 часот и да замине од работното место во периодот помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата, министерствата и органите на државната управа од денеска ќе работат со флексибилно работно време.

 

 

– Согласно одредбите од Одлуката, секој вработен во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа има право да пристигне на работното место помеѓу 7:30 и 8:30 часот и да замине од работното место во периодот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, така што има обврска за исполнување на 8 часа дневно работно време. Секој орган на државната управа треба да обезбеди систем за евиденција на работното време, со цел поефикасна контрола при влез и излез на вработените, соопшти вчера Министерството за информатичко општество и администрација.

Оттаму појаснуваат дека во контекст на општите права на вработените во државната управа се подразбира и правото на вработените на работно време со распоред соодветен за ефективно и ефикасно исполнување на работните задачи, а во рамки утврдени со позитивните законски одредби.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This