ОД ДЕНЕСКА СИТЕ СО MACKA И НА ОТВОРЕНО: Во домовите сепак може и повеќе од четири гости

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денеска стапува на сила мерката за задолжително носење маска и на отворено, откако синоќа во Собранието пратениците гласаа за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Сепак постојат исклучоци каде граѓаните не мора да носат маска, а тоа е кафулињата и останатите угостителски објекти каде постојат и се почитуваат протоколи, односно каде што има потребно растојание меѓу масите и дезинфекција. Освен тоа, маските на отворено не се задолжителни при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично), при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице или лица со кои живее во заедница, потоа при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице или лица со кои заедно живеат, маска на отворено нема да се носи ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место, за деца до 6 годишна возраст и ако лицето има специфична здравствена состојба (лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој), поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично.

Казната за непочитување на овие мерки е 20 евра.

Покрај задолжително носењето маска на отворено, задолжителна е самоизолацијата на оние кои чекаат тест за коронавирус и се забранува групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) во одредени периоди од деноноќието.

Од првиот пакет предложени мерки, повлечен е само предлогот кој предвидуваше во домовите на граѓаните да доаѓаат само до четири гости.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This