ОД ДЕНЕС СРБИЈА ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ: Од денеска во Србија се влегува без негативен тест за коронавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во соседна Србија од денеска се отвораат границите за сите патници и тоа без негативен тест за коронавирус.

Вака одлучи вчера Владата на Србија.

Исто така, веќе нема да се применува мерката задолжително испраќање во самоизолација по влез во Србија.

Овие одлуки се донесени на препорака на Кризниот епидемиолошки штаб, чија оцена е дека во оваа земја има поволна епидемиолошка ситуација.

Одлуката е донесена во услови на зголемен број заразени за разлика од претходните неколку денови, но објаснувањето е дека тоа се изолирани случаи, како што е ситуацијата во Врање, каде по роденденска прослава во една приватна фабрика за мебел се заразени речиси сите 250 вработени.

Од вчера е отворен и меѓународниот аеродром ,,Никола Тесла“, а беше реализиран комерцијален лет за Брисел.

Меѓутоа, македонските државјани нема да може сѐ уште да патуваат за Србија, бидејќи нашата влада уште не ги ублажила мерките и не се отворени границите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This