ОД ДЕНЕС СТАРТУВА ДИГИТАЛНАТА ЦАРИНА: Наместо хартија се воведуваат електронски постапки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денеска стартува Дигиталниот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД).

Kој е во ранг на најсовремените системи што се користат од страна на земјите членки на ЕУ, и со негова примена, нашата земја е чекор понапред кон исполнување на барањата за влез во Европската Унија.

Со имплементацијата на новиот систем, кој претставува предуслов за понатамошно развивање на дигиталните решенија и услуги, значително се поедноставува работата на сите учесници во царинската и надворешно-трговската постапка во ефикасна и модерна царинска околина. Царинските постапки кои досега се реализираа на хартија ќе бидат заменети со електронски постапки.

За економските оператори, пак, ова значи намалување на времето на поднесување декларации, поедноставување на процесите и значително намалување на тpoшоците. Сите процеси се автоматизирани со што се намалува можноста за човечки гpeшки, како и pизикoт од нeдoзволени дејствија и коpyпција. До новиот систем, економските оператори можат да пристапуваат преку сопствени системи или со користење на Порталот за трговци на Царинската управа кој е достапен без надомест.

За непречено поднесување на царинските декларации во новиот систем, од Царинската управа апелираат до сите економски оператори навремено да проверат дали ги исполнуваат основните услови, односно да поседуваат електронски потпис (сертификат), да имаат одобрен пристап до СОЦДАД, а доколку поднесуваат декларации како застапници, потребно е во СОЦДАД да побарале и добиле Одобрение за застапување. Предуслов за ова е претходно најмалку еден вработен да побарал и добил лиценца за застапување во СОЦДАД.

Сите одобренија поврзани со царински постапки, како што е наведено во соопштението од Царинската управа, мора претходно да бидат обезбедени во СОЦДАД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This