ОД ДЕН НА ДЕН СЕ ПОМАСОВНО: Стотици илјади граѓани на улица за заштита на унитарноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ секојдневно излегуваат на улиците се помасовно и помасовно во градовите низ цела Македонија за да одбаранат унитарноста на државата.

protest-skopje10-640x354

Организаторите велат дека не очекувале дека на нивната иницијатива ќе се приклучат толкав број на луѓе. Изненадени од исходот, се надеваат дека граѓаните ќе продолжат и натаму да им даваат поддршка и оти ваквото темпо нема да спласне.

Вчера во Скопје немаше протестен марш како деновите претходно, туку во Паркот Жена борец се одржа музички хепенинг, каде што се собраа огромен број луѓе. Последните два дена сведоци сме дека во сите градови и населени места низ Македонија, луѓето се помасново истакнуваат македонски знамиња, со цел симболично да го покажат револтот кон албанската платформа и тоа што беше прифатена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Протестите почнаа во понеделникот на 27 февруари во Скопје, кога излегоа неколку десетици илјади граѓани кои гласно кажаа „НЕ“ на албанската платформа на Еди Рама, која ја потпишаа албанските парламентарни партии во Тирана.

protest sk4

Веднаш потоа на Скопјани им се приклучија и граѓаните на другите 8 градови низ државата, кои, исто така, изглегоа на улиците низ нивните градови за да го искажат револтот и незадоволството за албанската платформа.

Откако на ваквите мирни протести и маршеви се приклучија жителите на 16 градови, за утре се најавува дека на улиците ќе излезат граѓаните од 20 градови. Протестите и утре ќе продолжат со силно темпо.

protesti prilep1

Со албанската платформа, креирана и спроведена од страна на Рама се предвидува воведување двојазичност на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб, примена на албанскиот јазик на парите и воведување казни во износ од 3.000 до 5.000 евра за неупотреба на албанскиот јазик.

bitola protest11  prilep protestprotest sk11skopje protest3bitola protestohrid protest

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This