ОД ИНВЕСТИЦИИ, НАЈВЕЌЕ СЕ ИНВЕСТИРА ВО КРИМИНАЛОТ: Заев излажа дека ќе ги носел Гугл и Фејсбук во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред повеќе од една година поточно 12 септември 2017 година, премиерот Заев излезе и соопшти дека во Македонија влегуваат две инвестиции на мултинационални компании и гиганти Google и Facebook, потсети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Надеж меѓу граѓаните, радост за ИТ кадрите бидејќи можеби ќе добијат шанса да работат во едни вакви гиганти. Но, после поминати година и два месеци, нема ништо, штама од владата, и надеж дека јавноста што помалку ќе се сети на ова ветување, бидејќи помнењето создава оправдан впечаток дека оваа влада брутално лаже, но и ја открива нејзината запрепастувачка неспособност. Иако Заев вети, ги нема ниту Google, ниту Facebook.

Срамна лага, гол факт за неспособноста на Владата. А нема инвестиции затоа што во Македонија има криминал. И тука се безбројните сведочења на инвеститори кои се одвратени поради корупција, сомнежите дека инвеститорите можеби ќе добијат пакет на поддршка од владата, но задолжително добиваат и пакет барања за куферчиња пари, или список, кои се одбраните домашни компании со кои мора да се соработува. Црно време. А цехот на овие црнила го плаќаат граѓаните. Најавите за инвестициите на Google и FB сведоштво за една брутална лага и измама на владата на премиерот Зоран Заев, напиша Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This