Претседателите на Русија и Кина Владимир Путин и Си Џинпинг на состанокот во Лима разговарале за поврзување на руската Евроазиска економска унија со кинескиот економски појас Патот на свилата, изјави портпаролот на Кремљ Димитриј Песков.
[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]
„Лидерите детално ги разгледуваа тајминзите за своите идни контакти на највисоко ниво а воедно разговараа како да се спојат проектот ЕЕУ и Патот на свилата“ – изјавил Песков.
[/kopa_block_quote]
ЕЕУ е регионална економска унија која ја предводи Русија, Киргистан, Ерменија, Белорусија и Казахстан. Кина го предводи својот економски простор, кој го предложи председателот Си во 2013-та година.
Тоа ќе го олесни директниот проток на стоки од Тихиот Океан до Балтичкото море. Проектот има за цел поврзување на Кина со Европа и Заливските земји.