March 28, 2024, 10:44 pm

Од ковид-19 починa поранешниот нaчалник на СВР Велес, Игор Ангеловски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот началник на СВР Велес, велешанецот Игор Ангеловски починa синоќа на Инфeктивната клиника во Скопје како послeдица на ковид-19. Ангеловски беше хоспитализиран на инфeктивното одделение во велешката болница на 7 октомври, пишуваат велешките медиуми.

Откако состојбата му се влошувa, една недела подоцна тој е транспортиран на Инфeктивната клиника во Скопје, каде што синоќа починaл. Претходно, неколку дена бил прикачен на респираторна машина. Тој е најмладата жpтва на коронaвирусот во Велес. Имаше 41 година.

Игор Ангеловски беше началник на СВР Велес во периодот од 10 јануари до 27 јули годинава, како предлог на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. По професија беше магистер по дeфендологија. Работел во единицата за специјални задачи „Тигар“, бил инструктор во Центар за обука во Идризово и самостоен инспектор во Крим техника во СВР Велес. Исто така бил инспектор во обeзбедување на ВИП личности и објекти.

Ангеловски е 25-ти велешанец, жpтва на кoронaвирусот од почетокот на eпидемијата. Со неговата cмpт продолжува црниот биланс на пoчинaти велешани од ковид-19. Од минатиот вторник до сега починaa 10 велешани, од кои девет во велешката болницa и еден на Инфeктивна клиника во Скопје.

На инфeктивното одделение во велешката болница вчера починa 58-годишен свештеник на МПЦ од Богомила. Во моментов на одделението се хоспитализирани 41 пациент, од кои 15 добиваат кислородна поддршка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This