April 25, 2024, 12:27 am

ОД КОЛ НА КОЛ, ТРЕТИОТ…: БЕСА може да остане без пратеничка група!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Движењето БЕСЕа ризикува да ја изгуби парламентарната група, по поделбата која настана во партијата, откако пратеникот Фадиљ Зендели признава дека пратениците од оваа партија се поделиле и дека е свесен за ризикот што ја демне парламентарната група, објави во вторникот телевизијата ТВ21.


„Практично и јавноста е запознаена дека имавме проблеми, односно внатрешни проблеми кои се манифестираа во функционирањето на парламентарната група, односно политиката на Движењето Беса и стратешката ориентација. Ние сме опозициска партија и двајца пратеници, јас и Теута Биљали се определивме околу оваа ситуација. Имаме тројца колеги кои функционираа одделно од партиската структура на Беса и останува да се произнесат дали се дел од парламентарната група на Движењето Беса“, вели Зендели кого го цитера телевизијата.

Од фракцијата на Движењето БЕСА, коешто го предводи Африм Гаши, пак, за ТВ21 изјавиле дека ќе изнајдат решение по реконструкцијата на Владата.

„Претседателот Африм Гаши е координатор на парламентарната група на Движење Беса и во овој правец не е важно што велат другите. По реконструкцијата на Владата ќе изнајдеме решение и за парламентарната група“, порачале од БЕСА на Гаши.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, им даде ултиматум на пратениците на Беса за да се ориентираат – дали ќе бидат дел од Владата или пак ќе функционираат како опозиција. Џафери вели дека ова прашање ќе се реши на 1-ви јуни, кога и се очекува реконструкција на Владата.

„В петок, изборот на членовите на Владата ќе подразбира и позиционирање на двете Беси. Од петок па натаму, нема да може да функционира како парламентарна група, а од друга страна да има противречности во парламентарната група. Ќе треба да го дефинираат нивниот статус. Јас сум во контакт со сите пратеници, но пред сѐ, тие самите треба да го изнесат нивниот статус пред мене како што налага Правилникот“, порача Џафери.

Инаку, Движењето Беса во јануари годинава се подели на две фракции – едната е крилото на Биљал Касами и другата е онаа на Африм Гаши. Иако, Беса на Гаши има тројца пратеници, сепак Судот за легитимна ја прогласи Беса на Касами со двајца пратеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This