ОД МАКЕДОНИЈА ПАТ ПОВТОРНО ИЗНЕНАДЕНИ: Поради снегот отежнат сообраќајот на патниот правец Делчево – Берово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Снегот што ја зафати државата предизвикува големи проблеми при движењето на возилата по лизгавиот асфалт. Рано утрово товарно возило изгуби контрола над заледениот коловоз и се изврте на влезот на Делчево. Како што информираат очевидци посериозни последици по возачот нема, а одбегната е и материјална штета.

Посериозни потешкотии возачите имаат на патниот правец од Делчево кон Берово каде откорнати дрвја го блокираат едниот дел од коловозот кој од друга страна им предизвикува дополнителни проблеми порди неговата заледеност. Екипи на Македонија пат кои веќе се на терен известуваат дека се работи на отстранување на дрвјата и оспособување на двете коловозни ленти.

Во градот Делчево екипи на ЈПКД Брегалница во рамки на своите активности од изутрина посипуваат песок и сол како би влијаеле на растопување на заледениот снег.
Лекарите апелираат на внимателно движење по снегот и доколку нема потреба граѓаните да не излегуваат од своите домови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This