April 26, 2024, 10:31 pm

ОД МАКЕДОНИЈА ПРАВАТ ШИПТАРИЈА: Терористите на ОВК, Талат Џафери и Али Ахмети со својот пион Заев сакаат да предизвикаат војна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Терористите на ОВК Талат Џафери и Али Ахмети со својот пион Зоран Заев направија план за 10 дена да го сменат Претседателот Ѓорѓе Иванов, а потоа да го сменат и знамето, и грбот на земјата, а албанскиот јазик да се изедначи со македонскиот.

zaev

Албанците се решени од Македонија да направат Албанија

Според медиумите во Скопје, албанските терористи, сега пратеници во Собранието, направиле план за десет дена да го сменат Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, а потоа да го сменат грбот и знамето на земјата и албанскиот јазик да се изедначи со македонскиот.

Нацртите се спремни

Терористот на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Талат Џафери, кој во четвртокот нелегално беше избран за претседател на Собранието, најави дека со сила ќе ја преземе таа функција и му се закани на Иванов дека ќе покрене постапка за негово сменување.

-Претседателот Ѓорѓе Иванов пора да го додели мандатот за формирање на влада на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев кој има парламентарно мнозинство. Ако не го стори тоа за десет дена, прави кривично дело. Во тој случај, Парламентот, според Уставот, може да покрене постапка за неговто отповикување, наведе Џафери.

Тој истакна дека е легален и легитимен претседател на македонскиот парламент, без оглед на тоа што е избран по завршувањето на седницата, во собраниското фоаје, што предизвика крвави нереди во четвртокот вечерта.

Освен тоа, лидерот на неговата партија, Демократска унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, инаку основач на ОВК, се сретна со Заев во понеделникот и договорил промена на Уставот и нов закон за јазиците. Како што изјавија извори од ДУИ и СДСМ за македонскиот портал „Журнал“, Заев и Ахмети договориле стратегија за имплементација на т.н. „тиранска платформа“.

-Прво се согласиле дека албанските пратеници и оние од СДСМ треба да го заземат Собранието, кое во моментов е под опсада на полицијата, Веднаш потоа треба да се изгласа  првиот дел од „тиранската платформа“ и тоа на ист нелегитимен начин како што и Џафери беше избран за претседател на Парламентот, пишува „Журнал“.

Според наводите на овој портал, во партиските редови на ДУИ и СДСМ се зборува дека тоа значи промена на грбот, знамето и химната и воведување на двојазичност на територијата на цела Македонија.

-Веќе се готови нацртите за новиот државен грб, предлогот како да изгледа знамето, како и законот со кој албанскиот јазик се изедначува со македонскиот. Со силување на демократијата и Уставот, СДСМ ќе ги гласа овие закони, со што Заев ќе го исполни првиот дел од коалициониот договор, истакнува „Журнал“.

Како што се додава, тоа е само дел од фактурата која Заев мора да им ја плати на Албанција за да седне во премиерската фотелја.

-По сето ова следува расправа во Парламентот за промена на името на државата и кантонизација на Македонија, што е вовед во отцепување на делови од земјата и реализација на целокупната „тиранска платформа“, нагласува „Журнал“ и додава дека се очекува Заев со тоа само уште повеќе да ги испровоцира граѓаните и да предизвика нови протести.

Посредникот Рама

Да потсетиме, трите најзначајни албански партии во Македонија, ДУИ, исламистичката БЕСА и Алијанска за Албанците, договорија на 7 јануари во Тирана во присуство на албанскиот премиер Еди Рама, заедничка платформа за преговори за новата влада со Заев.

Албанците сакаат да бидат признати како државотворен народ, еднаквост на албанскиот јазик со македонскиот, како и промена на државните симболи.

ќаат овие услови и тврдат дека Албанците од нивната земја сакаат да направат Албанија. Поради тоа Претседателот Ѓорѓе Иванов не му го дава мандатот за формирање влада на Зоран Заев, за кого вели дека ги предал националните интереси.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This