ОД МАНУ СЕ МИСЛАТ: Се уште не одбрала име како да се прекрсти институцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата се уште ја чека одлуката за преименување на највисоката научна институција во Македонија.

МАНУ е една од 136-те државни институции чие име треба да се смени согласно договорот од Преспа.

Јавно беа објавени две можни решенија, Академија на науките и уметностите на Северна Македонија или Национална академија на науките и уметностите, но засега од институцијата без одговор за тоа како течат разговорите за новото име.

Академик Таки Фити во неговото гостување во емисијата “Само вистина” еден месец пред потпишувањето на преспанскиот договор рече би се довеле во опасна ситуација доколку при преговорите меѓу Скопје и Атина се дојде до решение кое е “ерга омнес”, поради меѓудругото, можното менување на имињата на државните институции.

Тој во интервјуто потенцираше дека МАНУ нема соработка со Грчката академија на науките и уметностите, но постоела соработка меѓу научните институции на двете земји.

Премиерот Заев претходната недела изјави дека добро течат разговорите за преименувањето на МАНУ.

Потенцираше дека преименувањето ќе се случи, но дека многу е важно како е регистирана академијата секаде низ светот, и подвлече, пријателите од Грција тоа да не го спорат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This