ОД МЕТАЛЕЦ ДО ВАРДАРЕЦ: Сончогледот Жерновски тема на потсмев на социјалните мрежи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сончогледот Жерновски – до вчера се крстеше во Металург и плукаше по Самсоненко, денес е најголем Вардаровец

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски од вчера е најголем навивач на Вардар, откако ракометарите ја освоија европската титула.

Сликата која синоќа ја постираше Андреј Жерновски на својот фејсбук профил, а на која градоначалникот на Општина Центар е облечен во дрес на Вардар, а во раце го има пехарот од Лигата на шампиони побуди низа реакции по социјалните медиуми.

Навивачите со подбив гледаат на обидот на Жерновски да се презентира како голем навивач на Вардар, пред се затоа што токму Жерновски во повеќе наврати го обвинувал за криминал сопственикот на Вардар Сергеј Самсоненко и тоа токму вложувањата на Самсоненко во Вардар биле криминални за Жерновски. Но, ова не најважната причина за навивачите туку тоа е затоа што сите добро го знаат Жерновски како навивач на Металург – или може да се каже барем дека го знаеа како таков.

Со вчерашната слика Жерновски докажува дека не навива за никого, бидејќи ако пред неколку години објавуваше слики како да е сопственик, тренер или резервно лево крило на Металург со опис „одиме на победа“, сега става слики од црвено-црниот дрес бидејќи тој е сега актуелен и Жерновски мисли дека тој промовирањето како навивач на Вардар може да му донесе поени во пресрет на локалните избори.

Вистинските навивачи виделе илјадници вакви ликови како Жерновски кои се подговени да облечат било чив дрес, ако тој може да им донесе поени. Вистинските навивачи со право го нарекуваат Жерновски сончоглед. И токму тие го тврдат спротивното: ваквите потези не само што не носат поени, туку напротив. Никој не ги сака оние кои се китат со туѓи перја за да го излажат народот.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This