April 26, 2024, 10:05 am

Од новата мутација на ковид-19 властите во Британија и САД се тресат, во Македонија мува не ги лази

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во извештајот неодамна објавен во Велика Британија се наведува дека постојат „реални можности“ дека е забележана поголема стапка на смртност кај заразените со новиот вид на коронавирус.

Иако податоците дефинитивно не потврдија поголема смртност, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека „постојат некои докази дека новиот вид на коронавирус е поврзан со поголема стапка на смртност“.

Предвидувањата и проекциите од Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) покажаа дека новата, мутирана варијанта на коронавирусот, која се шири многу побрзо, може да стане преовладувачки вид во САД веќе во март оваа година.

Сите студии досега потврдија дека вакцината штити од новата варијанта на коронавирусот, како и дека заштитната маска, миењето на рацете и физичкото дистанцирање се сè уште ефикасни мерки за превенција.

„Кога ќе ги споредите податоците, ќе видите дека во случај на инфицирање на 1.000 лица постари од 60 години со првата варијанта на вирусот корона, смртноста се јавува во 10 случаи, додека во случај на инфекција со нов вид, очекуваната стапка на смртност на 1.000 пациенти се зголемува на 13, дури 14 пациенти. , рече Партик Валенс, британски медицински експерт и советник на британската влада.

Каква е пак состојбата во Македонија?

Иако по направените испитувања во МАНУ од министерството за здравство тврдат дека досега во Македонија не е откриена Британската мутација на коронавирусот, според професорот Никола Пановски не е исклучена можноста овој тип да е присутен и во земјава.

-Не можеме да тврдиме дека не е присутен, но и ако е така во секој случај не можеме да спречиме да дојде. Второ не посмртоносен, тоа е многу важно, а повеќе се шири. Не значи дека утре одма од Србија ќе почнат да се јавуваат многу случаи. Туку ќе треба неколку недели, месеци за да тој преовладее, ако е тој главниот. Ако се само 10 поценти од вирусот од тој тип нема да се осети. Меѓутоа ако тој преовладее. Ако стане доминантен не дај боже ќе треба други мерки. Ако сега репродуктивниот број е 1 или нешто под 1. Замислете ако денес имаме 400, по две недели ќе имаме 680, па за 5 дена 1000 случаи дневно. Гледате како брзо се движи.. Брзо ќе развиеме колективен имунитет, но ќе имаме и многу голем број смртни случаи како што има сега Велика Британија, ќе се вратиме на 50 смртни случаи дневни, ако се прошири, изјави проф. д-р Никола Пановски, од Институтот за микробиологија.

Најдобра превенција ќе биде вакцинацијата – категоричен е микробиологот. Според професорот досегашните податоци покажуваат дека вакцината делува и на британската мутација која само во многу мал број случаи предизвикала реинфекција ако некој прележал Ковид, но немал антитела.

За сега ова помалку е познато за Јужноафриканскиот тип.

-Би требало да делува вакцината. Тоа не е докажано , но ако не спречува би требало да предизвикува реинфекции, но тоа не се случува, изјавува професорот Пановски, а пренесува Сител.

Професорот Пановски вели дека досега не е забележана мутација на коронавирусот која ќе биде помалку пренослива и постепено ќе исчезне.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This