Од оваа „пomoш“ од 6.000 денари јавно се огpaдуваме, пopaчаа музичapите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката за помош во вид на платежна картичка од 6.000 денари за естрадните уметници и останатите музичари коишто не остваруваат приходи во сите изминати месеци, не ја прифаќаме и јавно се оградуваме – порачаа од Здружението за унапредување на правата на музичарите „Музика – Сега!“. Додаваат дека очекувале преговорите со власта, кои веќе биле започнати, да продолжат и да се најдат конкретни решенија, со цел помош на музичката фела, која поради пандемијата се наоѓа во незавидна состојба.

Овој „систем“ на „помош“ со разни платежни картички не го прифаќаме и најостро реагираме на вакво подбивање со јавноста и дефокусирањето дека во четвртиот пакет мерки се опфатени и овие луѓе, што апсолутно не е точно. Оваа „помош“ и онака нема да стигне до повеќето луѓе што не фигурираат како пасивни баратели на работа и сите други што директно зависат и зависеле од неформалната економија. Исто така, цениме дека самите категоризации и критериуми по кои се бира кому ќе биде доделена оваа „помош“ којашто не значи ништо и не може да покрие ниту еден минијатурен дел од секојдневните трошоци на овие луѓе, се тотално небулозни и вклучува повеќе категории и останува сосема нејасно врз база на кои параметри и критериуми е донесена оваа одлука, и кои претставници на музичарите и културните работници беа консултирани при донесувањето на одлуката, наведено е во јавното соопштение на здружението.

Од „Музика – Сега!“ реагираат дека додека музичарите не смеат да настапуваат, слободно по 24 часа работат обложувалници, казина и останати објекти. Посочуваат дека ниту еднаш официјално не било објавено со конкретни бројки, каде, на кој музички настан, во ресторан или пак на концерт, се заразиле повеќе луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This