ОД ОВА СЕ ПЛАШAT НECПОСОБНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ: Се шпekyлира дека цел на Франција е трајно да ја затвopи вратата за Западен Балкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Блокирајќи го почетокот на разговорите за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, францускиот претседател Емануел Макрон го шокираше и го поткопа регионот, чија стабилност е поврзана со стабилноста на европскиот континент, пишува лондонски „Фајненшл тајмс“ под наслов „Новото раководство на ЕУ мора да постави свои правила во надворешната политика“.

Весникот коментира дека во случајот со Македонија, овој потег на Макрон ја покажува хипокризијата на ЕУ, потсетувајќи дека Унијата одамна ветила дека ќе започне разговори за членство, доколку земјата најде компромис со Грција за името – услов исполнет со Договорот од Преспа, кој стапи во сила преку Февруари

„За волја на вистината, Макрон не беше сам во изразувањето резерви за проширувањето на ЕУ во Југоисточна Европа. Данска и Холандија ја поддржаа Франција во спротивставувањето на преговорите за членство со Албанија. Покрај тоа, кога Европскиот парламент усвои резолуција за поддршка на започнувањето на разговорите за членство со двете балкански земји, 136 европратеници или скоро 1/4 од гласачите ја поддржаа позицијата на Макрон, пишува „Фајненшл тајмс“.

Весникот смета дека Макрон има право да инсистира Унијата да се фокусира на внатрешните реформи пред да прими нови членки, оценувајќи дека „најважниот проект на ЕУ“ – евро-зоната од 19 члена – останува полуизградена куќа, а недоставува и широко европско дејствување во некои области, како што е миграцијата и политиката на азил.

„Фајненшл тајмс“ пишува дека се појавиле гласини дека вистинската цел на Франција е „трајно да ја затвори вратата на ЕУ кон Западен Балкан“ и наместо тоа да им понуди на земјите членство во таканаречен европска економска област што ќе ги остави овие земји надвор од политичките институции на Унијата и ќе останат „Европејци од втора класа“.
„Неуспесите во Сирија и Балканот се симптоми кои укажуваат на несигурната глобална позиција на ЕУ и неефикасноста на француско-германската соработка. Но, ако ЕУ не може да ги постави работите на своја врата, каде ќе бидат тие? “, пренесува делови од анализата на „Фајненшл Тајмс агенцијата БГНЕС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This