Од полноќ: Нова цена на горивата во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регулаторна комисија за енергетика денеска напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените се зголемија од еден денар до денар ипол.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголеми за 1,50 денари за литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за еден денар.

Согласно најновата одлука на РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по 68,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 70,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот е 61,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголеми за 1,612 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што новата цена на мазутот е 34,849 ден/кг.

Останува утре да видиме дали не очекува уште едно зголемување на цените.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This