April 20, 2024, 10:26 am

ОД ПОНЕДЕЛНИК: МВР ќе издава регистарските таблици со NMK

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од сабота регистарските таблици ќе се издаваат со NMK. Новите регистарски таблички за возилата кои МВР ќе ги издава од наредната недела ќе бидат со национална ознака NMK наместо досегашната МК.

Според измените кои ги направи Министерството, предвидено е новите таблици да се издаваат од 15 јуни, но бидејќи е сабота, првите ќе се издадат веројатно во понеделник.

Оние пак, кои немаат потреба веднаш да ги менуваат таблиците ќе ги користат веќе воведените налепници.

– Се пропишува дека одредбата која се однесува на налепницата „NMK“, ќе се применува до 12.02.2024 година – велат од МВР.

Кога станува збор за лични карти и пасоши со новото уставно име, сѐ уште нема точен датум кога тие ќе почнат да се издаваат, но рокот за тоа е пет години.

– Во однос на издавањето на нови патни исправи, претстои ревидирање на Правилникот за обрасците на патните исправи и визи на државјаните на Република Македонија, за начинот на фотографирање и земање на потпис за патните исправи и за водење на евиденција, со што ќе се предвиди формата и содржината на обрасците на новите патни исправи, по што ќе следува постапката за набавка на нови патни исправи, за што граѓаните навремено ќе бидат известени за промената -велат од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This