ОД ПОНЕДЕЛНИК ПЕНДАРОВСКИ СЕ СЕЛИ НА ВОДНО, ЕВЕ ШТО СОДРЖИ ВИЛАТА И КОЛКУ Е БОГАТ ПЕНДАРОВСКИ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски во недела ќе биде инаугуриран за претседател, со почеток во 12 часот.
Во недела Пендаровски и официјално ќе постане петти шеф на Република Македонија. Ѓорге Иванов ќе му ја предаде функцијата на претседател а Пендаровски заедно со семејството се очекува веќе од понеделник да се пресели во резиденцијата на Водно.

Новиот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски заедно со својата сопруга Елизабета која е по професија стоматолог и нивниот 17 годишен син.
Тоа ќе биде прво примопредавање на претседателската функција во резиденцијата на Водно, каде што Иванов беше и прв станар, додека кабинетите на претходните претседатели беа сместени во Собранието.

Стево Пендаровски, новиот претседател на државата на свое име нема пријавено никаков недвижен имот.

На свое име тој пријавил само возило Југо и штедна книшка на која има 12.230 евра. На име на својата сопругата Елизабета, пријавил уште едно возило, Рено Меган и девизна сметка. Пендаровски во текот на изборната кампања го користеше возилото на својата сопруга.

Како изгледа вилата од претседателот на Република Македонија.
Вилата Водно е официјалното работно место на Претседателот на Република Македонија. Објектот се наоѓа во подножјето на Водно, на јужниот раб на Скопје. Вилата е во близина на резиденцијата на претседателот. Објектот се состои од приземје и кат на повеќе нивоа, и има околу 2.500 м2 корисна површина.

Во просториите за состаноци и приеми ѕидовите се украсени со уметнички слики од познати македонски уметници, како и мозаици изработени од Глигор Чемерски.
Вилата Водно има приземје и кат кој е на повеќе нивоа. Таа е составена од стар и нов дел. Стариот дел кој е реновиран е остаток од некогашна државна вила која во минатото ја користеле функционери, а новиот е граден во периодот 2004 – 2008, а за изградбата од државната каса се потрошени околу пет милиони евра.

Во вилата, освен канцеларијата на претседателот има посебни работни простории за неговите служби, како и посебни простории за состаноци и приеми. Мебелот е модерен и со национални обележја. Во просториите за состаноци и приеми ѕидовите се украсени со уметнички слики од познати македонски уметници, како и мозаици изработени од Глигор Чемерски.
Во паркот околу вилата се засадени чемпреси, елки и други зимзелени дрвја, пространи тревници и цветни градини.
До вселувањето на претседателот, вилата била нарекувана „Вила Анекс“. Од 2009. година, просториите во Парламентот кои служеле како претседателски кабинет биле отстапени за потребите на собраниските служби, односно за собранискиот спикер Трајко Вељаноски и уште за 17 други пратеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This