Од почетокот на учебната година се зapaзиле 937 деца, од кои најголем дел се ученици во основните и средни училишта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со масивна пневмонија и позитивни на Ковид-19, 5 ученици хоспитализирани во детската болница во Козле се на кислородна поддршка. Имаат ниска сатурација и сериозна клиничка слика, но нивната состојба според лекарите е стабилна. Од 20 кои лежат во болничките соби дури 15 се школски деца. Освен наод на белите дробови пациентите имаат и висока температура и глад за воздух. Педијатрите предупредуваат дека овој бран е многу посериозен од претходните и бројот на приеми и прегледи е зголемен со стартот на учебната година, објави Сител.

Педијатрите предупредуваат дека овој бран е многу посериозен од претходните и бројот на приеми и прегледи е зголемен со стартот на учебната година.

Лекарите стравуваат дека бројот на заразени ученици ќе се зголеми откако децата ќе бидат затворени во училниците за време на зимата.

Педијатрите велат дека секоја висока температура и кашлица не е ковид и родителите веднаш да не трчаат во Козле туку да побараат прво помош кај матичните.

„Имаме во чекалните и деца со температура кои не се позитивни, но имаме и позитивни и доаѓа до мешање на инфекцијата, па и тие што немаат можат да добијат. Затоа прво кај матичен и ако состојбата е сериозна болницата е 24 часа достапна за сите пациенти“, вели др. Поповска.

Од Институтот за јавно здравје ни доставија податок дека од први до 14 септември со ковид 19 регистрирале 937 деца од 0 до 19 години. Бројките покажуваат дека повеќе од 80 проценти се ученици во основните и средни училишта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This