March 28, 2024, 10:35 am

ОД ПРИЈАТЕЛСТВО СО ГРЦИЈА, САМО АВТОПАТОТ: Грчката опозиција не го признава Македонскиот идентитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден ден по изјавата на премиерот Заев дека треба да се прецизираат технички детали пред да се реализира телефонскиот разговор со грчкиот колега Ципрас, заменик-министерот за одбрана Кувелис изјави дека Заев потпаѓа под влијание на настаните во земјава. Тој додаде дека случувањата околу името во оваа фаза се непредвидливи. Грчкиот министер за внатрешни работи смета дека е поволнен момент за решавање на спорот.

„Владата му пристапува на ова прашање со стабилност и отчетност, избегнувајќи авантури. Сега е „поволен момент“ за решавање на прашањето а позициите на грчката влада се јасни. Грчката влада е конзистентна и покрај тоа што коалицискиот партнер “Независни Грци”, се противи на употребата на терминот “Македонија“, рече Панос Скурлетис- министер за внатрешни работи.

Скурлетис ја обвини најголемата опозициска партија “Нова демократија” дека многу често ги менува ставовите, додека оттаму возвратија дека владата дека нема внатрешен консензус и дека не ја информира опозицијата, изразувајќи песимизам околу евентуално решение.

„Постои конфузија, проблеми и тоа е очигледно во изјавите на владините претставници. Постои “магла”, не знаеме каде одиме. Не сум оптимист за решение со Скопје. Нова Демократија сака единствено, глобално, трајно решение со ерга омнес. Не го признаваме македонскиот идентитет”, изјави Костис Хацидакис, Нова демократија.

Во меѓувреме, двете земји чекаат телефонски разговор помеѓу премиерите, Заев и Ципрас за решавање на повеќегодишниот проблем. На 6 јуни, во многу грчки градови се организираат протести против употребата на терминот Македонија.

АлсатМ.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This