ОД РАДИКАЛЕН ЕКСТРЕМИСТ, ДО СОВЕТНИК ВО ВЛАДА: Џезаир Шаќири алијас.Командант Хоџа сега е под закрила на Заев од црните листи на САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сега Хоџа е во закрила на Заев, од командант на УЧК, преку пратеник, одметник до соработник за внатрешна безбедност и радикализам.

Џезаир Шаќири познат како командант Хоџа од само прогласен кмет на Танушевци, до советник на премиерот Зоран Заев и тоа ни помалку ни повеќе за внатрешна безбедност и екстремизам. Скоро 15 години Џезаир Шаќири алијас командант Хоџа беше под лупа на оперативните служби во Македонија и регионот, а исто толкав период е на црната листа на САД, вели Катерина Гетева во синоќешното емитување на нејзината емисија „Несомнено“.

„Вклучени, поддржуваат или финансираат екстремно насилство во Република Македонија како и на други места во регионот и Западен Балкан“ стои во образложението на Стејт Департментот што ја објавува оваа листа.

Таа открива дека српските власти во 2012 година имаат распишано меѓународна потерница за Шаќири, според веста објавена во декември истата година, од страна на агенцијата „Ина“

„Србија го бара командант Хоџа по обвинение дека е еден од организаторите на нападот кај Добросин на граница меѓу Косово и Прешевска Долина“.

Македонските безбедносни служби имаа распишано потерница по Хоџа, а токму и тоа беше причината тој да биде самопрогласен лидер на Танушевци и главно преку Косовски медиуми испраќаше закани до актуелните власти почнувајќи од 2004 година па наваму. Танушевци со референдум сакаше да го припојува кон Косово, организираше патроли околу селото, се закануваше дека на оружје ќе одговори со оружје, честопати имаше гласини на престрелки со специјалците кога има акции и апсеа криминалци. Во 2010 година угледниот весник Фанејшал Тајмс имаше текст дека командант Хоџа прогласил слободна територија која ја нарекол Република Танушевци, открива Гетева.

Кој беше мотивот за бунтот на Хоџа и причината тој да биде одметник, се прашањата кои се уште се поставуваат?

Скопскиот кривичен суд против Џезаир Шаќири Хоџа во 2007 година почна судски процес за кривично дело грабнување. Според тогашните информации од судот, кривичната пријава му била поднесена во мај 2002 година, но предметот бил замрзнат 5 години. Тогаш почна изјавите на командант Хоџа дека се фатил за оружје бидејќи државата не му давала услови за живот. Во тој период за Хоџа била распишана и потерница бидејќи не се појавувал на судските рочишта, тврдејќи во јавноста дека судскиот процес се политички мотивирани.

Но и покрај потерницата која била распишана против него, тоа не го спречило Хоџа да се кандидира на изборите во 2011 година. Тогаш беше на листата на пратеници во рамки на партијата на Бардуљ Махмути, демократска унија на Албанците, но не успеа да обезбеди пратеничко место. Една година потоа Хоџа побара политички азил во земјите членки на Европската Унија, што не се случи.


Гетева, додава дека за Хоџа веќе нема потерница, и прашува зошто и кој ја тргнал, дали била запрена пред или по кафе муабетот со Заев на Илинденска?

За да се дознае вистината Гетева одговор побарала од Министерството за внатрешни работи, јавното обвинителство и судот. Одговор од таму добила само од МВР и судот, додавајќи дека Јавното обвинителство како и по обичај ги игнорирало прашањата поставени од нејзе.

„Ве известуваме дека за Шаќири во моментот нема активна потерница. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, согласно член 559 од Законот за кривична постапка (ЗКП), потерница распишува по барање на органот што ја води постапката (Суд, ОЈО или КПУ). Согласно тоа, одговор на сите други прашања поврзани со оваа тема побарајте надлежниот суд“.

„Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесена е пресуда со К.бр.3711/11 која по правосилноста е објавена и на веб страницата за пребарување на судски одлуки од судовите на Република Македонија. Во однос на прашањето за потерница, во горенаведениот предмет не е евидентирана потерница. Со оглед на истрагата по овој предмет е водена од истражен судија од Основниот суд Скопје 2 – Скопје, кој во тој период постапувал и по кривична материја, наредба за потерница може да евидентира во истражниот предмет, кој предмет е архивиран во Основниот суд Скопје 2 – Скопје и за кој е потребно дополнително време да се прибави како би се проверила информацијата која ја барате, или евентуално ако по истото лице е распишана потерница од друг суд“, се вели во одговорот од суд.

Хоџа во 2004 година покренал иницијатива за посебна албанска влада во Република Македонија која ќе работи на федерализација на државата, но предлогот не бил прифатен ниту од албанските политички партии, ниту од албанските интелектуалци кој тогаш се залагаа за спроведување на Охридскиот Рамковен договор.

Сега Хоџа е во закрила на Заев, од командант на УЧК, преку пратеник, одметник до соработник за внатрешна безбедност и радикализам.

За да го советува Заев, командант Хоџа ќе мора да биде во тек со процесите кои се однесуваат на намалување на радикализација, која е извор за екстремно дејствување за големи националистички идеи како голема Албанија, салафизам и такфиризам, процеси за борба против корупција и сложени борби на организиран криминал, контраразузнавачко дејствување и спротивставување а странско разузнавачки агентури во Македонија, борба против тероризам и заѓтита на Уставен поредок. Со еден збор описот на работните задачи му е налик на надлежностите на Управата за контраразузнавање, вели Гетева.

Во продолжение погледнете ја емисијата „Несомнено“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This