March 28, 2024, 12:21 pm

ОД „САВЕЗ КОМУНИСТА“ ВО СДСМ ДО ГРАБЕЖ НА ДРЖАВЕН ИМОТ: Како СДСМ крадеше народен имот за партиски канцеларии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со едноставна пријава дека Сојузот на комунисти на Македонија (СKМ) го менува своето име во Социјалдемократски сојуз на Македонија, во првата половина на 90-тите години, сегашниот СДСМ го стекнал имот во центарот на Скопје, на улица Бихаќска, со површина од 3.580 квадратни метри, објави неодамна дневниот весник „Дневник“, објавувајќи решение од склучениот договор.

zname-1

Се работи за зградата и дворното место каде што сега се наоѓа партиското седиште на СДСМ, а кое пред 1993 година, кога го добива партијата, било сопственост на државата, односно се работи за земјиште што претходно го користеле Министерството за наука, а претходно и Рударскиот институт и Министерството за култура. „Дневник“ објави документи што потврдуваат како СДСМ со неколку управни постапки, од промена на име до замена на земјишта и уписи, водени во Град Скопје, Kатастарот и Министерството за финансии, повикувајќи се на промена на името на СKМ во СДСМ, без да плати ни денар, стекнал сопственост на 3.580 квадратни метри во центарот на Скопје, пазарно вредни околу милион евра.

Се работи за неколку документи меѓу кои Договор за замена на недвижен и подвижен имот, склучен меѓу Министерството за финансии и СДСМ од 30 јуни 1993 г., решение на Републичката геодетска управа (Одделение за премер и катастар) од 6.9.1993 г. за промена на катастарската евиденција врз основа на Договорот и Барање за запишување право на сопственост од СДСМ до Републичката геодетска управа (Одделение за премер и катастар) од 13.2.1998 година. Од документите може да се заклучи како се одвивала целата постапка. Прво, СДСМ во 1991 г. поднел пријава во Градскиот секретаријат за внатрешни работи при Собранието на Град Скопје дека Сојузот на комунистите на Македонија го менува името во Социјалдемократски сојуз.

„Со решението УП бр. 38-4161/1/91, уверението бр. 38-401/72/91 и Изводот од извршена промена бр. 02-6009/2/91, е утврдена промена на име Сојуз на комунистите на Македонија – ПДП во Социјалдемокартски сојуз на Македонија“, пишува во Решението на геодетската управа од 1993 г.

Врз основа на ваквата измена на името СДСМ добива имотен лист дека поседува згради во градски ѕид на булевар Илинден б.б. кои, според ова Решение, всушност се станбени згради што ги градел и поседувал Централниот комитет на СKМ – Скопје, односно запишани на поседовен лист бр. 455 на О.С. на Централен комитет на СKМ – Скопје.

Потоа СДСМ склучува Договор за замена на движен и подвижен имот со Министерството за финансии со кои ~ ги отстапува станбените згради (кои всушност се на СKМ) на државата. Станува збор за бруто-површина на сите кули к-1 до к-7 и плус подрумски простории со гаража 15.545 квадратни метри, односно згради од 3.905 м2 и неплодно место двор од 19.639 м2. Државата, пак, за сметка на станбените згради, му доделува земјиште на СДСМ на Бихаќска, односно денешното седиште на партијата.

Во името на државата е потпишан министерот за финансии Џевдет Хајредини, а во името на партијата е потпишан тогашниот секретар на СДСМ, Никола Поповски. Она што е интересно е дека во Договорот стои дека за негово склучување е донесена одлука на Влада од 22.6.1993 година. Договорот е склучен експресно за само седум дена од ваквата одлука. Во јуни 1993 година премиер на Владата е Бранко Црвенковски, инаку и претседател на СДСМ и партиски шеф на Поповски.

Со овој Договор СДСМ добива имот што се состои од зграда и дворно место на Министерството за наука (имотен лист 8464) со вкупна површина од 3.583 квадрати лоцирана на KМ бр. 11057/3. Освен недвижниот имот, СДСМ со договорот го добива и целиот подвижен имот што се наоѓал на него (канцелариски мебел, возила и слично).

СДСМ веднаш бара да се направи промена на титуларот на земјиштата што се замениле, за што е издадено Решението на геодетската управа од 1993 г.

Во 1998 година СДСМ бара од катастaрот да направи упис на сопственоста на земјиштето на Бихаќска на име на СДСМ.

СДСМ доби наследство од штабови и објекти од поранешната комунистичка партија, а тоа се пари на народот

– СДСМ доби наследство од штабови и објекти од поранешната комунистичка партија, а тоа се пари на народот. ВМРО-ДПМНЕ, пак, безмалку немаше ниту еден објект се ни беше или под кирија или слично и немавме можност да работиме нормално. Она што го направивме после 25 години беше поддршка на членството на партијата со членарини и донации коишто денес некој срамно се обидува да ги нарече перење пари. Со такви средства купени се штабови во поглемиот дел општини каде што делува ВМРО-ДПМНЕ со цел нормлано функционирање на партијата и да стане вистински пандам на СДСМ којшто ги наследи тие штабови и којшто ужива во привлегиите на поранешната комунситичка партија во која вложуваат сите, изјави вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This