April 25, 2024, 12:20 am

Од септември настава со физичко присуство-предлог на Царовска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека министерот за здравство Венко Филипче ги подготвува болниците за четврти бран на корона вирусот, министерката за образование, Мила Царовска најавува отворени врати на училиштата за почетокот на новата школска година. Дали дефинитивно ова значи збогум на он лајн наставата?

Настава со физичко присуство, предложило денес Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Членовите на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) со кој претседаваше премиерот Зоран Заев. На состанокот било оценето дека се создадени услови, почетокот на новата школска година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во одлука која ќе биде донесена на наредната Владина седница.

Во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, според членовите на ГККШ, е големиот број вакцинирани наставници и училиштен кадар. Моментално 60 проценти се вакцинирани, а се очекува до септември зголемување до 80% вакцинирани од вкупниот број вработени во училиштата.

Во оваа насока, се и протоколите, изработени од епидемилози, кои веќе се донесени за настава со физичко присуство, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата.

МОН утре за ова ќе има состанок со синдикатот во образованието, СОНК. Претседателот на овој синдикат, Јоаким Неделков, вели дека ќе ја поддржат секоја одлука донесена од Министерството со која се штити здравјето на наставниците и учениците.

Од вкупно 31.447 вработени во образованието, околу 60% се вакцинирани, но дали другите наставници ќе бидат принудени да се вакцинираат доколку се одлучи да има настава со физичко присуство, имајќи предвид дека рестриктивните мерки за невакцинираните ќе стапат утре на сила. Неделков вели дека никој не може да ги натера наставниците да се вакцинираат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This