ОД СИНТАГМА ЌЕ СЕ БАРА ПРОМЕНА НА НАШИОТ УСТАВ: Грците ќе протестираат за промена на Уставот на Р.Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не за терминот Македонија во името на соседите, не за иредентистичките членови во Уставот на Скопје, порачуваат организаторите на протестот закажан за во недела, во официјалниот видео спот објавен на социјалните мрежи.

Организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да излезат на атинскиот централен плоштад, пред грчкиот парламент.

“Гркинки и Грци, Македонци и Македонки, сите во Атина в недела, на 4 февруари, и сите на плоштадот Синтагма на пладне. Таму, пред парламентот ќе ја изразиме нашата желба. Не за терминот Македонија во името на соседите, не за иредентистичките членови во Уставот на Скопје. Солун кажа, на ред е Атина да викне: Македонија е една и е грчка“, повикуваат организаторите преку видео спотот, објави Македонската Информативна Агенција (МИА).

На социјалните мрежи се објавуваат информации за сите граѓани што од цела Грција сакаат да присуствуваат на протестот во Атина, листи со автобуси со возен ред од секој грчки град, лица за контакт и цени, доколку превозот не е бесплатен. Цените се со попуст во однос на регуларните автобуски билети, а ист е случајот и со цените на билет за траект од Крит. На грците од овој грчки остров им се нуди 50 отсто попуст.

Според организаторите, од Солун за Атина, на секои 5 минути ќе тргнува по еден автобус.
Очекувањата во Грција, јавува дописникот на МИА од Атина, се дека протестот во недела, може да биде многу помасовен од оној во Солун одржан на 21 јануари. Организаторите очекуваат дека во недела, во Атина ќе се соберат над милион граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This