ОД СКАНДАЛ ВО СКАНДАЛ: Што бара директорот на Агенцијата за разузнавање на партиски состанок на СДСМ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партиските состаноци на Бихаќка однесоа во самоизолација околу 75 лица. Кластерот на СДСМ од кој позитивни на Ковид 19 излегоа потпретседателот Мухамед Зекири и директорката на УЈП Сања Лукаревска, во карантин го однесе речиси цело потпретседателство на партијата, лица од високите партиски органи, но и високи функционери во Владата, пишува Телма.

Податоците до кои дојде Телма покажуваат дека препорака за самоизолација од епидемиолозите добиле 33 лица со кои бил во контакт Зекири. Дванаесет лица се од неговото семејство без сопругата и тримесечната ќерка. А по контакт со Зекири во изолација завршија вицепремиерката и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска, владиниот советник Марјан Забрчанец, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Во домашен карантин е и директорот на финансиската полиција Арафат Муареми и директорот на агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу. Но и Игор Јанушев од ВМРО- ДПМНЕ по дебатата на ТВ 24 кај новинарката Душица Мрѓа на која присуствуваше Зекири, по партискиот состанок во СДСМ, пишува Телма.

Од Лукаревска која вчера објави дека е позитивна на Ковид 19, во изолација завршиле 28 лица. Покрај заменикот во Управата Ремзи Абулахи, во домашен карантин се и советникот во СДСМ и на Спасовски, Фатмир Битиќи. И портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска е во самоизолација, бидејќи имала кратка средба со Лукаревска. Поради контакт со Лукаревска во домашна изолација се многуу вработени во УЈП, нејзини роднини и пријатели.

Битиќи за Телма вели дека во петокот имал состанок со Лукаревска, нема симпртоми и очекува што ќе покаже тестот кој треба да го прави во четврток.

14 пак лица по контактите со Зекири и Лукаревска веднаш се тестираа и имаат препорака за домашна изолација. Негативни тестови добија премиерот во техничката влада Оливер Спасовски,генералниот секретар на СДСМ Лупчо Николовски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, директорот на Службен весник Мартин Костовски, градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски и други.

Од партијата и денеска го повторија вчерашниот ства, дека СДСМ максимално ги почитува здравствените протоколи.

Само еден од петте потпретседатели на СДСМ, Коста Петров не е во самоизолација, а таква препорака доби и Славјанка Петровска, дополнителната заменичката министерка за внатрешни работи, по негативните тестови на Ковид 19.

Мухамед Зекири објави дека најверојано вирусот го добил од неговиот брат кој го посетил за Бајрам. А Лукаревска изјави дека се тестирала на Ковид 19 откако нејзиниот сопартиец Мухамед Зекири објавил дека е заболен. И таа е без симпроми, но не е сигурна на каков начин го добила вирусот. Завчера таа заедно со Спасовски беа во Куманово. На граѓаните им делеа заштитни маски во пакет со изборни флаери, а имаа и блиско разминување без маски. Но, според епидемиолозите, најмногу лица во домашна изолација испратија состаноците во вторникот и четвртокот во седиштето на Бихаќка,објави Телма.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This