April 25, 2024, 12:42 pm

Од средината на јули ќе започне теренската вакцинација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната Трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ на која учествуваа министерот за здравство д-р Венко Филипче, претседателката на Националниот комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, проф. д-р Драган Даниловски епидемиолог и проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, се дискусутираше за сите аспекти на вирусот Ковид-19 и за процесот на имунизација. Главната цел на оваа трибина, како што кажа министерот Филипче е да се зголеми свеста на граѓаните во врска со вакцинацијата и како истата ефективно да се спроведе во нашата земја.

-Околу 15-20 јули стартува теренската вакцинација во околните места на здравствените домови. Во комуникација со матичните лекари, Здравствените домови ќе ја спроведуваат вакцинацијата преку регрутирање на податоци од тоа колку од прикрепените пациенти се вакцинирани се со цел да се опфатат и останатите. На некој начин, секој Здравствен дом ќе биде регионален центар – рече Филипче.

Министерот истакна дека на добар пат сме да постигнеме што поголем опфат на вакцинирани граѓани. Заклучно со викендов околу 300.000 граѓани се вакцинирани во нашата држава, од кои 215.000 се ревакцинирани, а дадени се 500.000 дози на вакцини. Во моментов располагаме со доволен капацитет на вакцини, вклучувајќи ги новопристигнатите 500.000 дози на Синовак и 100.000 дози Фајзер. Веќе од утре кинеските вакцини ќе бидат дистрибуирани во сите центри низ државава, со што планирано е помеѓу 10.000-15.000 дози да се аплицираат како прва доза во следните две до три недели со што значително ќе се забрза процесот на имунизација и ќе се извакцинираат сите граѓани пријавени преку веб-страната vakcinacija.mk.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This