ОД СРЦЕТО НА ЕДНА ТЕТКА: За сите внуци што љубов значат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ете го седи крај мене и не прави ништо посебно, но само кога ќе ме погледне со тие кафени бадемасти очиња и ќе се насмее со таа ѕвонлива, искрена насмевка срцето ми го топи.

Не е мој, но е моја крв и за првпат во животот ми покажа како можам некого безрезервно да сакам. Јас, која се сметав за цврста, сега сум толку кршлива само ако видам и една солза на неговото лице, само ако забележам една сенка во неговиот поглед и ако почувствувам една тага во неговиот став.

Со него ги играм и најздодевните игри на светот, ги гледам и најоткачените филмови кои се далеку од мојот посакуван жанр и за миг се претворам во најодговорната домаќинка само неговите потреби да бидат комплетно задоволни. И сето тоа што во друга пригода би ми претставувало товар, сега ми е вистинско задоволство. Сите маки со него лесно го носат епитетот „слатки“ затоа што се вредни за сјајот во неговите очиња кој ќе го видам потоа.

И на моменти знам да бидам и себична и тврдоглава и конфликтна, но со него сѐ се менува. Самото негово присуство на магичен начин го буди најдоброто во мене.

Зарем не е мелем за душа некој со самото свое постоење да ве прави подобра личност? Без да бидете негов проект, без да вложува труд во вас или да ви поставува услови за тоа. Само неколку зборови се доволни неговите желби да бидат ваша заповед.

Ова мало човече има моќ да ве разнежни за миг. Само кога ќе ве нарече своја најдобра пријателка, кога ќе ви довери тајни кои ниту неговите родители не ги знаат, кога ќе ви каже дека сте најзабавната личност на светот и кога со искрен жар ви се радува секојпат кога ќе ве види.

Вие сте неговата тетка, неговата постара сестра што можеби ја нема или пак налик на неговата мајка, но во многу позабавно издание. Затоа неретко знае да ве изненади со прегратка без да побарате или бакнеж без да очекувате. И сето тоа е сосема чисто, сосема едноставно, без каква било задна намера или очекувана корист, сето тоа е само затоа што така почувствувал во дадениот миг.

Секогаш на негова страна и со зборови полни поддршка за секој негов потег, не залудно важи цитатот: „Само тетката може да прегрнува како мајка, да чува тајни како сестра и да сака како вистински пријател“.

За сите внуци што љубов значат…

Извор:crnobelo.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This